Кинеските ученици се вратија во клупите со капи од еден метар за одржување социјална дистанција
После тримесечниот карантин поради корона вирусот, кинеските ученици се вратија во клупите, но мора да носат капи од еден метар со цел да одржуваат социјална дистанца.
На интернет се појави видео од училиште во Кина на кое се гледа дека децата носат рачно изработени капи со стапови на двете страни со цел да одржуваат безбедно растојание едни од други.
Враќањето на училиште следува после тримесечниот карантин во Кина и во период кога земјата полека ги олабавува рестрикциите за патување. Идејата за капите од еден метар ја предложи основното училиште „Јангженг“ во Хангжу, во провинцијата Жеџианг во источна Кина. Училиштето почнувајќи од 26 април ги прими назад своите ученици од 1 до 3 одделение.
Директорот на училиштето вели дека капите помагаат децата да се на безбедно растојание едни од други. „Ги охрабруваме нашите ученици да носат капи од најмалку еден метар за да се држат подалеку едни од други“ вели директорот.
Учителите побарале од учениците заедно со родителите да ги изработат тие капи дома пред да се вратат на училиште. Како изгледаат часовите во тоа кинеско училиште можете да видите од видеото во прилог.