Регулаторна комисија за енергетика пред две недели донесе одлука за промена на цените, по која бензините повторно поскапеа. Рафинериските цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 4,84%.
Малопродажните цени на нафтените деривати, согласно Методологијата за формирање на цените, се зголеми во просек за 3,00%.
Во текот на изминатите 2 недели, суровата нафта достигна нови рекорди на светската берза а нејзината цена на крајот од минатата недела се доближи до самата граница од 8 долари за барел што е највисока цена во последните 3 години.
Во вакви услови извесно е дека денеска на пладне не чека нова значително повисока цена на горивата. Минатата недела горивата поскапеа меѓу 1 и 2 денари по литар.
Литар дизел во моментов чини 63 денари, ЕУРОСУПЕР БС 95 71.5 денари а ЕУРОСУПЕР БС 98 73,5 денари.
За очекување е од утре горивото да биде над 75 денари, а дизелот над 65 денари за литар.
Извор: Press24