Ги потсетуваме корисниците на јавниот превоз, дека автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници од утре, понеделник (04.05.2020 год) продолжуваат да сообраќаат во две смени, односно од 5 до 9 часот, па од 13 до 19 часот.
Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.
Градот Скопје им препорачува на корисниците на јавниот автобуски превоз да користат средства за лична заштита – маски и ракавици. Оваа препорака е во согласност со мерките за заштита на здравјето на граѓаните.
„Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека сите возила на ЈСП се подложуваат на дополнителен третман за дезинфекција, уште од пред две недели. Имено, секое возило, независно дали сообраќа цел ден на одредена линија или се вклучува еднократно, е подложно на дополнителна дезинфекција, како една од мерките за заштита. Возилата се дезинфицирааат со распрскување на соодветни средства на база на алкохол и Дезинтал 10%, а се врши и рачна дезинфекција на одделни делови од возилото, како што се ракодржачите и слично. Секое возило се третира со дополнителната дезинфекција еднаш, пред вклучување на линијата или потоа, во зависност од динамиката и распоредот на сообраќање во јавниот превоз.
Инаку, редовна внатрешна дезинфекција на автобусите се врши секојдневно преку т.н. редовна дневна нега (чистење, миење) на возилата. Притоа, возилата се третираат со соодветни еколошки средства кои имаат дезинфекциско својство. Секое возило, пред да се пушти во сообраќај, е подложно на дневна нега“ велао преку соопштение од Град Скопје.
Градот Скопје апелира до граѓаните одговорно да се однесуваат додека се во автобус, а своите отпадоци да ги зачуваат и да ги одложат во најблиската корпа за отпадоци, по излегувањето од автобусот. Овие препораки имаат цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните.