Министерството за труд и социјална политика денес информираше дека во тек е исплата на правата од социјална и детска заштита за месец 04/2020 година, и тоа: гарантиран детски додаток, детски додаток, посебен додаток за месец 05.2020, ЕПП за новороденче, родителски додаток за трето дете, родителски додаток за четврто дете, единствен родителски додаток, образовен додаток – Студирање, гарантирана минимална помош ГМП, туѓа нега постојана парична помош, еднократна парична помош. Мобилност и слепило, цивилна инвалиднина, социјално домување, социјална сигурност – социјална пензија, азиланти домување, парична помош за згрижувач и паричен надоместок за згрижувачко семејство.
Исплатата на правата на парична помош од социјална и детска заштита на шалтерите на банките се врши етапно, по дефиниран редослед по азбучен ред, според почетната буква од презимето и тоа:
- 04.05.2020 (понеделник) исплата за А, Б, В, Г + Д (прва буква на презиме)
- 05.05.2020 (вторник) исплата за Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К + Л (прва буква на презиме)
- 06.05.2020 (среда) исплата за Љ, М, Н, Њ, О, П + Р (прва буква на презиме)
- 07.05.2020 (четврток) исплата за С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ + Ш (прва буква на презиме)
Етапната исплата на паричните права од социјална и детска заштита е направена со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на овие права, во услови на опасност од вирусот КОВИД-19. Корисниците на права од социјална и детска заштита кои користат платежни картички поврзани со трансакциската сметка на која се исплаќаат правата од социјална и детска заштита, паричните средства можат да ги подигнат на банкоматите на банките, да ги користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, сметано од 04.05.2020 година.
Оглас за вработување во АД Европа:
Работник за едноставни работи на производна линија
Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на коронавирусот и за заштита на населението за време на вонредна состојба. Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијали и експозитури на банките, се должни да носат каква било форма на заштита којашто ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично). Исто така, при чекање ред пред и внатре во банките, треба да се запази минимум потребно растојание од најмалку два метра.