Иако на почетокот може да изгледа дека високото ниво на интелигенција е само позитивна работа, сепак тоа има и некои маани.
Да, дури и натпросечно интелигентните луѓе имаат свои недостатоци, а корисниците на Quora се обида да ги сумираат истите под насловот „Кога интелигенцијата станува товар“.
Од нивните одговори, Бизнис Инсајдер извлече седум негативни страни на високата интелигенција:
- Тие често размислуваат повеќе отколку што чувствуваат
- Тие не ја ценат вредноста на напорната работа
- Луѓето очекуваат да бидат на врвот цело време
- Тие може честопати да ги поправаат другите во секојдневниот разговор (и со тоа да ги иритираат)
- Тие премногу анализираат и размислуваат
- Луѓето ги сметаат за фалбаџии
- Тие сфаќаат дека многу малку знаат (колку повеќе знаеш, толку повеќе чувствуваш дека знаеш)