Со донесените одлуки на Владата на Република Северна Македонија за олеснување на мерките поврзани со COVID-19, Црвен крст на град Скопје од од понеделник почнува со организирање на курсевите по прва помош за работни организации.
Сите заинтересирани кандидати може да се пријават на тел.02/3139 – 578, или електронски на маил skopje.infock@redcross.org.mk и skopje.katastrofi@redcross.org.mk. За сите кандидати кои ќе присуствуваат на обуките, задолжително е носење маска и одржување растојание од два метри.