Невработените лица кои би сакале да патуваат надвор од Србија ќе бидат ослободени од плаќање на тест за коронавирус, изјави Зорана Михајловиќ, министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија.
За да влезете во Србија, сигурно ќе треба да направите соодветен тест и овие тестови ќе бидат направени во земјите од кои доаѓате, затоа што е потребно извесно време за да се добијат резултатите. Сепак, ќе се води грижа за да се осигура дека лицата со понизок или никаков приход можат да патуваат, така што студентите и невработените ќе бидат ослободени од плаќање на тестот, додека децата под 12 години ќе бидат ослободени од каков било вид тест, рече Михајловиќ.
За потсетување Владата на Србија бара негативен ПЦР тест да влезете во државата или да заминете во домашна изолација 14 дена, што може да се прекине со тестирање во Србија по свое барање, кое ќе чини околу 6.000 динари, додека сите малолетни лица ќе добијат бесплатно тестирање, а како што рече Михајловиќ, исто така и невработените.
Извор: Вечер