Границите на Босна и Херцеговина од 1 јуни ќе бидат отворени
Тоа го потврдија од канцеларијата на претседателот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, од каде што најавија дека деловните луѓе од странство ќе можат да ја преминат границата на БиХ уште оваа недела, но со задолжително почитување на мерките кои ги препорачуваат здравствените работници.
Услов за влез во земјата ќе биде негативен тест за коронавирус направен од овластена лабораторија, не постар од 48 часа и покана од компанијата во која доаѓаат.
Прашањето за отворање на границите наскоро ќе се најде на седницата на Советот на министри на БиХ кој треба да ја промени Одлуката за посебни услови за влез на странци во земјата.