Градежните работници, негувателите, готвачите и келнерите би можеле потешко да добиваат работна виза во иднина.
Поради несогласувањата во германската владејачка коалиција, на градежните работници, негувателите, готвачите и келнерите од Западен Балкан ќе им биде многу потешко во иднина да добијат работа легално во Германија.
Уште пред да започне пандемијата на коронавирусот да ја успорува економијата на најсилната земја во ЕУ, политичарите на Христијанско демократската унија се спротивставија на вработувањето на луѓе од поранешна Југославија по 2020 година.
Спорната регулатива стапи во сила во јануари 2016 година и им овозможи на работниците од Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Србија и Косово да добијат виза за работа за Германија без познавање на германскиот јазик и професионалните квалификации.
Според вториот канал на германскиот јавен сервис ЗДФ, партијата на канцеларката Ангела Меркел се прашува дали Германија може да продолжи да прима десетици илјади нискоквалификувани работници од Балканот секоја година. Првично, владата имаше намера да ја продолжи валидноста на оваа регулатива без многу зборови, но почетокот на рецесијата поради здравствената криза влијаеше на ЦДУ да започне да ја менува својата позиција по тоа прашање.
Пратеникот од демохристијанскиот блок задолжен за внатрешна политика, Матијас Миделберг, вели дека заради зголемената невработеност во Германија, валидноста на овој правилник не треба да биде туку-така продолжен во следната година. Поддршка за ова мислење доби и од парламентарката на десничарската Алтернатива за Германија, која вели дека регулативата била лудост и без коронавирус.
Но, германскиот градежен сектор вели дека му е потребна работна сила од Балканот. Феликс Паклепа од Централното здружение на германски градежници истакнува дека без работници од Југоисточна Европа, ќе има проблеми во тој сектор.
Социјалдемократската партија на Германија (СПД), вториот член на владејачката коалиција, исто така инсистира на продолжување на ова правило.
Пратеникот Уте Вогт потенцира дека ова правило е голем успех.
Ние прифативме дека Германија е земја на имиграција и коалициониот партнер не треба да го поставува тоа прашање секој пат, рече пратеникот.
Конзервативците, сепак, не се целосно едногласни по ова прашање. Така, партиската група која се занимава со трудово право и градежништво е попозитивна за продолжување на оваа регулатива. Сепак, за странските работници од оваа област, германското сито ќе биде погусто. Меѓутоа, на неодамнешниот состанок на парламентарниот клуб на демохристијаните, постигнат е договор за продолжување на ова „балканско правило“, но со силно ограничени услови.
Извор: Политика