Може да имате децениско работно искуство и беспрекорно образование, но за оние кои ви даваат работа сето ова е малку корисно ако не сте во можност да го направите тоа на време. И не само на време, туку исто како што треба. И така секој пат.
Ако на нашата работа гледаме како производ наменет за продажба, тогаш доверливоста ќе биде знак за висок квалитет. Лошите производи, се разбира, можат да се продаваат некое време, но ќе дојде крај и за нив. Останува квалитетот. Во услови на криза кога има премногу производи и малку клиенти, бидете квалитетни. Бидете доверливи.
Обидете се да ви биде кажано само еднаш
Шефот, исто како и родителите, најмалку сака да го потсетуваат дека е неопходно да се извршат домашни работи, односно работните задачи.
Трудете се да го исполните она што сте го ветиле
Кога на прашањето можете ли – одговорете потврдно, тогаш исполнете ја вашата задача. Ако ја прифатите обврската за која сте процениле дека можете да ја исполните, тогаш ниеден изговор не е добар. Потрудете се да процените кога “не“ е исправен одговор.
Признајте ја грешката на време
Во работата како и во животот не оди секогаш како што сме се замислиле. Карактеристично за недовреливите личности е тоа што во такви случаеви купуваат време и одложуваат соочување со шефот или колегите. Бидете искрени и на време признајте ја грешката. Преземањето на одговорност за грешка и пронаоѓањето начин да се поправи е вистински доказ дека сте доверлив работник.