Врз основа на член 58 став 1 од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија” бр.66/О4, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 29 мај 2020 година, донесе
ОДЛУКА за дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19
Член 1
Во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19 („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.62/20, 63/20, 64/20, 66/20, 70/20, 72/20, 92/20, 100/20, 107/20, 109/20, 119/20, 123/20, 125/20, 126/20, 134/20 и 136/20), во член 1, став 1, во точката 1 по ставот 1 се додаваат три нови става кои гласат:
„Активностите, начинот на работа и условите поврзани со воспитно образовниот процес во сите установи за згрижување и воспитание на деца - детски градинки и центри за ран детски развој во Република Северна Македонија се утврдуваат во и одвиваат со задолжително почитување на ПРОТОКОЛОТ за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по престанување на траењето на вонредната состојба на територијата на Република Северна Македонија од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Министерството за труд и социјална политика, кој е даден во Прилог број 9 и е составен дел на оваа одлука.
Активностите, начинот на работа и условите поврзани со постапката за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта и во прва година во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 се утврдуваат во и одвиваат со задолжително почитување на Протоколот за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Министерството за образование и наука, кој е даден во Прилог број 10 и Протоколот за постапување на средните училишта за време на запишувањето на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година кој е даден во Прилог број 11 и се составен дел на оваа одлука.
Активностите, начинот на работа и условите поврзани со постапувањето на Математичко - информатичката гимназија за време на полагање на приемниот испит на ученици во учебната 2020/2021 година се утврдуваат во и одвиваат с о задолжително почитување на Протоколот за постапување на Математичко информатичката гимназија за време на полагање на приемниот испит на ученици во учебната 2020/2021 година од Комисијата за заразни болести ПР И Министерството за здравство и од Министерството за образование и наука, ко) е даден во Прилог број 12 и е составен дел на оваа одлука.”
Во точката 2 по ставот 1 се додава нов став 2 кој гласи:
„Активностите, начинот на работа и условите поврзани со изведувањето на испитите во просториите на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија, односно единиците во состав на истите се утврдуваат во и одвиваат со задолжително почитување на Протоколот за утврдување и постапување на јавните и приватните високообразовни установи, односно единиците во состав на истите при изведување на испитите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Министерството за образование и наука, кој е даден во Прилог број 13 и е составен дел на оваа одлука.”
Целото соопштение можете да го прочитате на vlada.mk