Комисијата за заразни болести ќе ѝ препорача на Владата враќање на полицискиот час, но од 22 часот до 5 часот во критичните места со голем број активни случаи на КОВИД-19, како Скопје, Тетово, Штип и Куманово, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. За останатиот дел од државата не се препорачуваат дополнителни рестрикции.
Иако беше планирано отварање на границите сепак Oд Комисијата за заразни болести за Фактор велат дека препораката за отворање на границите ќе ја дадат откако во земјава бројот на заразени со корона вирусот ќе биде помал од 50 дневно и додаваат дека и денеска кривата оди во надолна линија, што значи дека бројката на заразени ќе биде помала од вчерашната. Неофицијалната бројка е околу 100.
Предлогот за враќање на полицискиот час во овие места е најмногу за да се ограничи движењето на младите, поради тоа што тие неконтролирано се собираат по паркови, на Водно и слично, а сендвичарите, пицериите и пекарите, сите работат и по 22 часот, практично цела ноќ.