Хрватска подготвува нов пакет мерки за помош на економијата кои ќе се однесуваат на периодот од втората половина на годината и ќе бидат во форма на субвенции за скратување на работната недела.
Таа мерка би се однесувала на преработувачката индустрија, а главен услов би бил квартален пад на приходите од деловната активност од 20% во однос на истиот квартал минатата година, пишува „Јутарњи лист“.
Меркатаќе започне да се применува во јуни и ќа трае до крајот на оваа година.
Критериуми за добивање на ваквата помош се:
- Важи само за преработувачката индустрија, но работодавците и синдикатите бараат да се прошири и во други сектори кои бележат пад на приходите од 20 проценти на квартална основа, а партнерите бараат критериум да биде и намалениот обем на деловна активност и пад на работните часови;
- Државата ќе ги финансира неодработените часови во целост, но најмногу по 4.000 куни по работник;
- Скратеното работно време треба да изнесува 10 до 50 проценти;
- Работодавачот мора да ги задржи вработените на кои им била одобрена мерката онолку колку што ја користеле истата;
- Трае од јуни па до крајот на годината; и
- Работодавците нема да смеат да исплатат дивиденди до крајот на 2021 година или да им исплатат бонус на менаџерите.