Недостигот на работна сила во подрачјето на природните науки, матемаматиката, информатиката и технологиите (MINT) е најголем досега – стои во заклучокот на Пролетниот извештај за 2018 година изработен од страна на Германскиот економски институт од Келн во соработка со Германската индустриска асоцијација, Здружението на германски работодавачи и Здружението на работодавачи во металопреработувачката индустрија кадешто детално се анализира недостатокот на работна сила.
До крајот на април во Германија слободни се 486.000 работни места за таканаречените MINT занимања, а тоа е раст од 13,1 процент во однос на април минатата година што значи дека има над 50 илјади слободни места повеќе во 2018 отколку во 2017.
Особено е изразен недостигот на работна сила во подрачјето на информатиката – побарувачката се дуплираше во текот на последните четири години.
Како причини за недостиготот се наведуваат повеќе фактори: од една страна, голем број постари работници се пензионираат, а дупката не може да се надополни со недоволниот број на нови работници, а од друга страна побарувачката за овие професионалци е во голем подем со оглед на фактот дека се поголем е бројот на фирми од година во година кои работат во овие дејности.