Граѓаните на кои им следува помош преку ваучер за поттик на домашниот туризам, истиот ќе го добијат преку електронска пошта. Помошта е дел од третиот пакет економски мерки за зајакнување и опоравување на македонската економија.
На страната domasiedoma.gov.mk и pushimenevend.gov.mk едноставно може да се провери дали и кому му следува ваучер за домашен туризам.
Оние кои немаат пријавено електронска адреса во УЈП, ќе можат со матичен број да внесат е-адреса на која ќе добијат ваучер.
Ваучерите важат до 15 декември 2020, вели министерот Бектеши и повикува сите оние на кои им следуваат ваучерите да ги искористат истите за јакнење на домашниот туризам.