Почитувани,
Само два дена не делат од Вебинарот на тема „Погодени и Прилагодени„ компании за време на КОВИД -19. Дали веќе го резервиравте вашето место? Ако не - сторете го тоа веднаш!
Во среда (17.06.2020) во 14:00 часот за првпат на едно место, одблиску прилагодените и погодените индустрии од Ковид-19. Како функционираа, кои беа најголемите предизвици, на што се посебно горди, кои се последиците и како изгледа новото нормално?
Преку платформата Zoom одблиску ќе ги слушнеме предизвиците на „Хероите зад касите„ како тимот на Рамстор се справи со зголемената побарувачка, предизвиците и протоколите, новите мерки и заштитата на своите вработени и купувачите.
Панелисти: Маја Штерјовски - Одговорна за индустриски односи во Рамстор - Претставник од областа на човечките ресурси и се што е поврзано со нив;
Иван Стојанов - Одговорен за контрола на квалитет - Претставник од аспект на безбедноста во Рамстор во овој период.
За затворањето на угостителските објекти, за неизвесната судбина на 30.000 вработени во Туристичко угостителскиот сектор. За повторното отворање, за „новото нормално„ одење во кафена ќе зборува Мартин Ангеловски - Потпретседател на угостителко-туристичка Комора.
Соочени за прв пат со кризна ситуација, вонредна состојба, полициски час, протоколи, мерки, уредби за ослободување на вработени, кои проблеми ги имаа компаниите во Македонија и од аспект на Човечки Ресурси каде најмногу им требаше помош и поддршка, ќе дознаеме од Ирена Ѓоршев – Менаџер за организациски консалтинг, претставник од Vrabotuvanje HR Solutions.
Пријавете го вашето учество на овој ЛИНК и на вашиот е-mail ќе ви стигне линк за да се вклучите во Живо.
Се гледаме во Среда!