Граѓаните кои ги нема на списоците за платежни картички имаат рок до утре на пладне да пратат приговор на маилот finansiskimerki@gs.gov.mk.
Од Владата информираат дека досега пристигнале дури 30 илјади приговори. А на илјада веќе се одговорило викендов.
Пријавените грешки освен институциите, ќе ги проверуваат МВР и јавното обвинителство.
Граѓани со плати под 15илјади денари, како и голем број средношколци и студенти најмногу се пожалиле дека иако ги исполнуваат условите - ги нема на списокот. Институциите на готовс ги чекаат приговорите од Влада за да ги проверат.
10 илјади платежни картички веќе се поделени и граѓаните може да почнат да пазарат со нив. Додека 100 илјади картички треба да се издадат до крајот на оваа недела. Рокот за користење на картичките е 15ти август.