Германските пратеници донесоа одлука на кои земји ќе им ги отворат границите за влез без какви било рестрикции. Според овој список, само за граѓаните на осум земји е дозволено да ги преминат германските граници без негативен тест или задолжителна самоизолација.
Од 2 јули, Германија ги отвори границите без рестрикции за Австралија, Грузија, Канада, Нов Зеланд, Тајланд, Тунис, Уругвај и Црна Гора. Листата ќе се ажурира редовно, а се нагласува дека за влез во Германија ќе биде важно и каде претходно престојувало или патувало лицето, а не само неговото државјанство.
Патувања во Германија се можни и од земји кои не се наведени на списокот, но под одредени услови – негативен ПЦР тест или задолжителен карантин. Црна Гора е единствена земја од регионот за која Германија ги отвора своите граници.
ЕУ вчера ја објави „белата листа“ на земји надвор од Унијата кои смеат да влезат во земјите-членки, но секоја земја-членка може да донесе сама одлука за кои земји ќе ги отвори своите граници, а Германија веднаш го искористи тоа право.
Сите информации за услови за влез во Германија може да најдете на веб - страницата на Министерството за внатрешни работи.