Најмногу работници се бараат во преработувачката индустрија. Следува трговијата на големо и мало, а потоа во секторот администартивни и помошни услужни дејности.
Според податоците најголем дел од неврабоетните се со средно образование за кои пазарот на труд има најголема потреба. Ескпертите велат, платата не е секогаш одлучувачка . Потребно е постојано да се вложува и во постојните вработени.
Според статистичките податоци во средните претпријатија, со 10 до 49 вработени, но и во фирмите со над 250, има најмногу слободни места. Вардарскиот и пелагонискиот регион имаат најголема потреба од работна сила.
извор: skopjeinfo.mk