Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 28 до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе спушти до 16, а дневната ќе достигне 33 степени
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. За време на викендот локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд и појава на грмежи. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика повторно опаѓање на температурите.