Влеговме во маратонска борба со пандемија, вели Ерик Тонер, еден од водечките светски експерти за пандемија
Ерик Тонер, еден од водечките светски експерти за пандемија, кој е постар научник во Центарот за здравствена безбедност на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во САД, смета дека заштитните маски ќе се носат со години и им кажува на луѓето да се навикнат на тоа.
Влеговме во маратонска борба со пандемија. Додека не се појави ефективна вакцина или некоја друга форма на лек против новиот вирус, единствениот избор е маски и социјално дистанцирање, изјави Тонер за порталот „Цнет“.
Тој посочува дека „со покривање на носот и устата, ризикот од инфекција е значително намален“.
Ако сте надвор и одржувате растојание, ризикот од инфекција драстично паѓа, вели Тонер.
Според Универзитетот Џон Хопкинс, локално пренесување на новиот вирус е пријавено во 86 земји, а тоа е состојба во која лекарите не можат да го најдат изворот или жариштето на инфекцијата.