Денес напладне Регулаторната комисија за енергетика во Македонија се очекува да ги утврди новите цени на горивата во Македонија.
Според одлуката од минатиот понеделник малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се продаваат за 63, односно 52,5 денари за литар.
Доколку се земе движењето на суровата нафта од типот Брент во текот на изминатата недела, не треба да се очекува некоја драматична промена на малопродажните цени на горивата, со оглед дека и тогаш и сега цената на барел од типот Брент според кој се утврдува и македонската цена беше и е околу 43 американски долари.