За предизвиците, начинот на функционирање и мерките кои ги превзеде компанијата за да го заштити здравјето на вработените, разговараме со Маја, Наташа, Данило, Даниела, Даниел, Ѓорѓе и Миле – вработени во КОЛА.
Пандемијата на коронавирусот за големите дистрибутерски компании значеше исправување пред нови предизвици кои дотогаш не постоеја. Од една страна, компаниите мораа да продолжат да работат со нормален па дури и поинтензивен капацитет за да ги задоволат потребите на купувачите, а од друга страна, заштитата на здравјето на вработените беше и остана на врвот на нивните приоритети.
Кола е една од тие компании кои покажаа вистинска решителност, издржливост и флексибилност како одговор на новонастанатата состојба. Компанијата успеа уште на почетокот на пандемијата да го промени процесот на вработување, работно време на вработените, начинот на внатрешно функционирање, процедурите за одржување на хигиената во работните простории, па дури и да унапредува вработени на нови работни позиции – нешто што би изгледало сосема нормално во нормални околности.
Ние во Vrabotuvanje.com сакаме успешни приказни од успешни компании, приказни во кои вработените заземаат централно место. Поттикнати од таа цел, разговаравме со дел од вработените на Кола кои ќе ни откријат како се промени нивната работа во време на Ковид-19 и какви мерки превзеде нивниот работодавач за да го заштити нивното здравје.
Маја Смилевска – Специјалист за човечки ресурси
Глобалната пандемија предизвика значителни измени во начинот на извршување на работните процеси. Процесите на регрутација и селекција и развој на вработени целосно ги прилагодивме на можностите кои ни ги понуди Ковид 19.Традиционалното интервјуирање го заменивме со on line интервју, а сите работилници, обуки, тренинзи и едукации исто така се реализираат преку on line апликации.
Следејќи ги препораките од надлежните институции КОЛА ги превзема сите на мерки со цел заштита на своите вработени од потенцијалната изложеност на Ковид 19. Комуникацијата се одвива исклучиво телефонски или по електронски пат, сите вработени задолжително носиме заштитни маски и ракавици кога е потребно, имаме пристап до средства за дезинфекција на раце, а просториите и предметите се дезинфицираат постојано. Исто така бројот на вработени е редуциран на максимум двајца во иста просторија и тоа на определено задолжително растојание. Компанијата насекаде постави постери за едукација на вработените како да се заштитат себеси и своите блиски и постојано испраќа совети и мотивациски пораки за тоа како да останеме смирени и мотивирани во ваков период. Накратко, КОЛА презеде се што е во рамките на можностите за максимална заштита на нашето физичко и ментално здравје.
Наташа Гајдова – Cost controlling specialist
Ковид 19 како глобален проблем го измени начинот на извршување на работните задачи бидејќи работното време e поинаку организирано, т.е. со цел да се запазат мерките за заштита од вирусот два до три дена во неделата работните задачи се извршуваат од дома.
Компанијата во која работам навистина се покажа крајно совесна во справување со Ковид пандемијата така што се превземаа сите мерки за заштита на вработените. Насекаде се поставија информативни табли со кои се укажува како себеси да се заштитиме, на сите места се поставени дезинфекциски средства, на влезот од зградата се постави праг на кој се дезинфицираат чевлите, дезинфекција на мебелот и кваките се прави редовно и што е најважно се задолжително е носење на маски во просториите кои ги користат повеќе вработени.
Данило Матовиќ – Менаџер за продажба
Пандемијата со Ковид 19 како секаде така и кај нас влијаеше врз работата и извршување на работните обврски. Поголем дел од состаноците ги правиме преку Video call и од домашни услови поради применување на препорачаните мерки за заштита. Исто така, за мене, од големо значење е да напоменам дека токму во период на Ковид 19 бев промовиран на нова работна позиција и дека моментално во КОЛА учам и се прилагодувам на работна позиција Менаџер за продажба.
Како компанија ги превземавме сите препорачани мерки за заштита. Колегите на терен беа со редуцирано работно време и обврски, им беше обезбедена максимална заштита, а кој имаше потреба беше ослободен за згрижување на своите деца. Хигиената во работните прострии се одржува на највисоко ниво, каде што е и ограничен бројот на вработени.
Даниела Томевска – Хигиеничар
Да, Ковид 19 го промени начинот на извршување на работните задачи. Ковид 19 е вирус, а ние сме тие кои преку почитување на мерките и одржување на хигиената на највисоко ниво треба да помгнеме во спречување неговото ширење. Јас и колешките на иста работна позиција имавме промена во работното време, започнавме да одиме во две смени на работа, правиме дезинфекција на секои два часа во сите простории во административната зграда и магацините. Ги дезинфицираме кваките на секои два часа и постојано се проверува прагот за чевли и се дополнува со дезинфекциско средство.
Јас лично сум многу задоволна од нашата компанија која ни ги овозможува сите заштити од Ковид 19. Нашата компанија е многу одговорна за целиот персонал. Секаде има поставено средства за дезинфекција, се мери температура, се носат заштитни маски и такавици, одржуваме растојание од 2 метри и во секое време се набавуваат сите средства што се потребни за одржување на хигиена.
Даниел Стојановски – Унапредувач на продажба
Работните задачи сега ги извршуваме на начин што ги почитуваме мерките и чекорите за заштита и ширење на Covid-19. Носиме заштитни маски, ракавици, редовно вршиме дезинфикација на рацете и држиме физичка дистанца.
Нашата компанија ни обезбедува заштитни маски, ракавици како и средства за дезинфикација на рацете. Исто така редовно не обучува преку презентации како подобро да се заштитме и справиме со Covid-19.
Ние сме Кола семејство.
Ѓорѓе Мицев – Комерцијалист
Да, имаше промени во работењето на работните задачи во период на Ковид 19 со тоа што одреден период работевме од дома на компјутер и телефонски, а кога почнавме на терен пристапот со некои клиенти беше ограничен и продолжи да се одвива телефонски.
Нашата компанинја ги презеде сите мерки со што ни обезбеди заштитна опрема како ракавици, маски и средства за дезинфекција на раце.
Миле Поповски – Работник во магацин
Начинот на извршување на работните обврски не е драстично променет. Потешко е работењето со маски и ракавици но сепак знаеме дека тоа е за доброто на сите.
Компанијата обезбеди маски и ракавици за секој вработен, со налепници обележа физичка дистанца од 2 метри и обезбеди постери со препораки за заштита.