Швајцарската градежна индустрија се соочува со голем проблем, затоа што наскоро ќе и недостасува квалификувана работна сила, бидејќи се помалку и помалку млади луѓе се одлучуваат за овој вид образование. Од друга страна, уделот на луѓе постари од 50 години кај градежните работници е над една третина
Во последните десет години, значително е намален бројот на млади луѓе кои решиле да учат да станат градежници во Швајцарија. Додека во 2010-та година имаше повеќе од 1.200 млади кои беа обучени како градежници, минатата година тој број беше нешто над 700.
Ова има негативно влијание врз градежната индустрија, затоа што повеќето раководители, градежните менаџери и надзорниците се регрутирани токму од градежните работници.
Од друга страна, уделот на луѓе над 50 години меѓу sидарите, квалификуваните работници во изградба на патишта, железници и друго, достигна 36 проценти, а градежните работници во Швајцарија можат да заминат во пензија на 60-годишна возраст.
Здружението на градежни работници посочува дека сликата на работни места во таа индустрија е полоша од реалните услови. Наведено е дека работата на градежник повеќе не е поврзана со голем физички напор, лопатите се користат помалку и помалку, а крановите, багерите и дигиталните средства за работа се користат сè повеќе.
Што се однесува до платите, во третата година од студирањето занаетчиство, ученик заработува повеќе од 1.800 франци за ѕидарски работи, а 2.300 франци за професионална работна сила во градежништвото на патиштата.
Заради споредба, оние што одлучуваат да учат на професијата графичар, заработуваат само 1.000 франци во третата година од школувањето.
Исто така подоцна, квалификувана работна сила во градежништвото може да смета на просечна плата од 6.000 франци месечно, и кој ќе успее да го продолжи своето образование како градежен менаџер, може да заработи до 10.000 франци.