Бугарската Влада одлучи делумно да ги олесни мерките за влез во земјата за пет држави, меѓу кои и Македонија, при што македонските државјани ќе можат да влезат во Бугарија само со негативен ПЦР тест.
Освен од кај нас, со приложен ПЦР тест не постар од 72 часа, во Бугарија ќе можат да влезат и државјани на Србија, Молдавија, Израел и Кувајт.
Според бугарската Влада, одлуката за овие олеснувања е на барање на туристичкиот сектор во земјата.
-На барање на туристичкиот сектор, на територијата на нашата земја ќе бидат дозволени туристи од Молдавија, Србија, Кувајт, Израел и Северна Македонија. Ова ќе биде многу сериозна помош за нашите хотелиери, на кои во моментов им се потребни странци и да го пополнат својот капацитет, рече лидерот на НФСБ, Валери Симеонов на брифингот во Советот на министри.
За разлика од Бугарија, Грција ја продолжи забраната за влез на македонски државјани до 31 јули, поради коронавирусот.