Вработените во Google ќе работат од дома најмалку до јули следната година, објави Wall Street Journal.
Извршниот директор, Сундар Пичаи, ја донел одлуката минатата недела по состанокот на директорите на компанијата. Google претходно планираше работниците да останат дома до крајот на 2020 година.
Новата одлука се однесува на сите речиси 200.000 вработени во Google, за оние со полно работно време и за оние што се хонорарно ангажирани.
Весникот наведува дека Пичаи сака особено да им помогне на работниците што мора да се грижат за децата затоа што е неизвесно дали училиштата ќе бидат отворени.