Повеќето работодавци ги поставува овие три прашања на интервју за работа, а кандидатите најчесто паѓаат на испитот бидејќи не се однапред подготвени да ги одговорат истите. Не дозволувајте да ве фатат неподготвени, но внимателно размислете што е тоа што ќе го кажете.
Некои прашања за време на интервјуата за работа редовно се повторуваат и обично тоа се добро смислени праѓања на кои треба да дадете внимателен одговор, се со цел потенцијалните работодавачи да не стекнат погрешен впечаток за вас.
Овие прашања најчесто изгледаат многу едноставно, но начинот на кој вие одговарате може да открие повееќ за вас отколку што мислите. Затоа, најдобар начин да им пристапите на ваквите прашања е однапред да смислите одговор кој ќе ве издвои од останатите кандидати.
Сакате да бидете автентични, но исто така мора и да се продадете себеси, вели Вики Оливер, експерт за кариерно насочување.
Според неа, ова се трите најчести прашања на кои кандидатите „паѓаат“ за време на интервјуто за работа:
Зошто го напуштивте претходното работно место?
Справувањето со отказ е само по себе тешко прашање, но кога некој ќе ве праша за деталите, не смеете да се препуштите на негативни чувства и емоции.
Бидете искрени, но покажете ја причината за отказот на начинот на кој најмногу ви оди во прилог, советува Оливер.
Клучот е да се фокусирате на позитивните работи и да зборувате за вештините кои сте ги усовршиле кај претходниот работодавач. Не покажувајте гнев или негативни емоции кога зборувате за вашиот поранешен шеф.
Дали биле отпуштени и вашите колеги? Сетете се на уште некоја ставка која може да го прикаже вашиот отказ во што подобро светло, вели таа.
Зошто да ве избереме токму вас?
Ова прашање на прв поглед изгледа арогантно, но вие не треба да го сфатите истото на таков начин. Кога потенцијалниот работодавач ќе ве праша „Што е тоа што ве прави идеален кандидат за оваа позиција?“, не заземајте одбранбен став, туку искористете го ова како најдобра можност да се „продадете“ себеси.
Работодавците го поставуваат ова прашање бидејќи сакаат да слушнат зошто сакате да работите во нивната компанија. Немојте да се вознемирувате, само одговорете на прашањето, смета Оливер.
Пред интервјуто, направете листа на ваши квалитети и вештини и покрај нив, наведете и примери за да покажете што се вистински можете да направите.
Ако сега му се јавиме на вашиот шеф, што ќе ни каже тој за вас?
Признавам, ова е навистина незгодно прашање. Имајте на ум дека работодавците сакаат да тестираат како реагирате под притисок, појаснува Оливер.
Кога одговарате на ова прашање, внимателно размислете за тоа што би го рекол вашиот поранешен шеф за вас. Запомнете дека добра анегдота секогаш го дава посакуваниот ефект, но во никој случај на ова прашање не треба да одговарате неподготвени.