Пред четири години, Стив Едкок ја напуштил работата кога сфатил дека заштедил сосема доволно (милион долари) за да може да се пензионира. Тогаш имал 35 години. Набрзо се пензионирала и неговата сопруга Кортни.
Ја немаат сите оваа привилегија, но според него не е недостижна, само треба да знаете како. Затоа, тој споделува пет принципи по кои тој живеел.
Првиот е финансиска независност, но нема врска со парите. Има врска со желбата овој идеал да ви стане приоритет. Додека работев во поранешната фирма, имав добра работа и заработка, но одењето на работа не ми причинуваше задоволство. Не ми се допаѓаше да седам цел ден во место и некој да ми наредува. Почнав да одвојувам 70% од мојата плата.
Активно унапредувајте ја својата заработка. Иако добро заработував, секогаш барав начини да заработам и надвор од канцеларијата. Започнав сајт за финансии и пишував константно. Со тек на време почнав да заработувам 1.000 долари месечно. Со сопругата отворивме YouTube канал кој ни носи 500 долари месечно. Но, продолжив напорно да работам на својата регуларна работа бидејќи сакав да му покажам на шефот зошто заслужувам зголемување на плата од 10 и 15%.
Инвестирајте пари. Почнавме да инвестираме во недвижнини, да купуваме акции. Идејата е едноставна, нешто купуваш по една цена, а со време цената му расте.
Секогаш знајте каде ви одат парите. Секој денар е важен. Бележење на трошоци е едноставна основа и секој треба да води месечна евиденција, но на луѓето главно им фали дисциплина. Анализирајте ги вашите сметки наместо да ги негирате.
Ослободете се работите кои не ви се потребни. Претходно многу трошев. Имав два автомобила и спортски мотор, но се ослободив од сето тоа.