Австралискиот премиер Скот Морисон најави исплата во износ од 1.500 долари за секој работник што ќе отсуствува од работа во случај на инфекција со коронавирус.
Државјаните на сојузната држава Викторија ќе добијат 1.500 долари од австралиската влада во случај на инфекција со Ковид-19. Ова ќе важи доколку се принудени да одат во самоизолација, а немаат боледување.
Претходно оваа година, кога се соочивме со пожари, реализиравме бројни дополнителни плаќања како резултат на катастрофата, особено за деца и семејства кои беа погодени од пожарите. Она со што се соочуваме сега е катастрофа и ние мора соодветно да одговориме на тоа, изјави тој.
Морисон посочи дека е неопходна таква поддршка за луѓето кои се принудени да се изолираат во период од две недели.
Исто така, граѓаните ќе можат да ја добијат оваа помош повеќе од еднаш доколку е потребно да се изолираат повеќе пати.
Потсетуваме дека оваа австралиска држава прогласи состојба на катастрофа и воведе нови рестриктивни мерки, како резултат на наглиот скок на бројот на заболени од коронавирусот.