Нов Зеланд во неделата одбележа 100 дена откако нема нови случаи на коронавирус, што значи дека во земјата поминале точно 65 дена од првиот до последниот случај на инфекција.
Само 65 дена беа потребни за Новозеланѓаните да го елиминираат смртоносниот вирус кој во светот зеде преку 730.000 жртви. Тие го сторија тоа со помош на три сета на мерки:
- Контрола на границата, така што вирусот не може да влезе во земјата
- Строги мерки и ограничувања за да се спречи ширење на вирусот помеѓу граѓаните на Нов Зеланд
- Одлична активност и дисциплина во однос на следење на контакти, карантин и тестирање
На тој начин, Нов Зеланд успеа да дојде до бројка од само 4 смртни случаи на еден милион жители и да го стави вирусот целосно под контрола.
За споредба, Австралија има 10 смртни случаи на еден милион жители, Германија 110, Шведска 5700, а Белгија дури 850.
Една од причините зошто Нов Зеланд се реши да воведе строги мерки и карантин е тоа што тие знаеја дека одредени општествени групи, како што се Маорите, ќе бидат во голема опасност.
Елиминацијата на вирусот и овозможи на островската земја многу брзо да се врати во нормала, минимизирајќи ја економската штета која не се ни чувствува ако се направи споредба со ефектот во Австралија. Но, вистинското економско влијание подобро ќе се види во следните месеци.
Новозеланѓаните гледаат на коронавирусот како на важна лекција што им ги покажа слабостите на нивниот систем, дури и ако треба да основаат посебна јавна институција која ќе се справи со борбата против сериозни болести.