Повеќето Балканци во Германија работат како стручна работна сила – покажува студијата на Институтот за истражување на пазарот на труд (ИАБ).
Поточно, 54 отсто од работните односи во Германија се договараат преку регулативите за регионот на Западен Балкан се однесуваат на стручна работна сила.
Околу 4 проценти од работниците се на повисоко ниво со својата квалификација, односно „Специјалисти“ и „Експерти“, а 42 отсто се помошна работна сила.
Истражувањето се однесува на 2016 и 2017 година, а тоа исто така покажа дека просечната старост на доселениците во 73 отсто од случаите била пониска од 40 години. Студијата исто така покажа дека дури 86 отсто од доселениците биле мажи.
Инаку, според Евростат во Германија живеат околу 100.000 граѓани со македонско потекло.
Извор: Фактор