Сите заштитни маски за лице не се исти и не претставуваат иста заштита. Затоа тим од научници од Универзитетот Дјук одлучија да спроведат истражување за да дознаат која маска е најефикасна и овозможува најголема заштита. Тие тестирале 14 видови маски – од професионалните N95 маски, какви што користат здравствените работници до плетените маски и марами.
При тестирањето на маските и ширењето на респираторните капки научниците користеле едноставна метода која вклучува ласерски зраци, паметен телефон и црна кутиај. Со вертикално ширење на ласерските зраци се создава светлина која поминува низ отворите од левата и десната страна на кутијата, додека од предната страна се наоѓа отвор низ кој зборувале учесниците. Од задната страна на кутијата е поставен смартфон, односно неговата камера, која го снима светлото што се распрснува во сите насоки откако респираторните капки поминале низ ласерскиот воздух додека зборувале луѓето. Потоа компјутерски алгоритам ги пребројува капките снимени со камерата.
Прво бил сниман говор без маска, а потоа со маска. Секоја маска била тестирана десет пати. Тестовите покажале дека најголема заштита овозможуваат N95 маските, а многу ефикасни се покажале и трислојните хириршки маски, како и двослојните памучни маски. Во тестовите биле користени и други видови еднослојни памучни маски, како и N95 маски со вентили, кои се покажале помалку ефикасни во однос на маските без вентили.
Имено, вентилите овозможуваат проток на воздух, што значи дека повеќе капки може да поминат низ маската, односно низ вентилот. Таа одлично ги штити луѓето што ја носат, но поради протокот на воздух и поголемиот број капки ги загрозува луѓето кои се наоѓаат во близина.
Најмалку ефикасни се покажале т.н. гејтер маски, односно маските кои се навлекуваат околу врат и се подигнуваат за да се покријат устата и носот. Не само што таквите маски не го намалуваат пирењето на капките, туку со користењето се создава поголем број капки поради материјалот од кој се направени, кој ги рапрснува капките во помали и побрзо се шират во воздухот. Неефикасни во спречувањето на ширењето на капките се и марамите и плетените маски.