Благодарение на брзиот развој на технологијата, растечката потреба за квалитетна работна сила и новите трендови во бизнисот, денес е можно да се дојде до високоплатена работа во ИТ секторот дури и без факултетска диплома - ова е главниот заклучок на новото светско истражување.
Ако ја погледнеме компанијата Coding Dojo, еден од авторитетите кога станува збор за ИТ секторот во светот, кандидатите кои немаат универзитетско образование или искуство со програмирање можат да најдат работа со почетна плата до 90.000 евра годишно.
Исто како и во светот, така и во Македонија, но и во регионот, има голем број отворени работни места во овој атрактивен сектор кој од кандидатите не бара да имаат диплома.
Се разбира, почетната плата кај нас е пониска отколку во светот, но сепак таа е за неколку пати повисока од просечната плата.
Ви ги претставуваме 10-те ИТ професии за кои не ви е потребна диплома.
Data Scientist
Овие професионалци имаат многу одговорна работа - тие треба да ги разберат деловните цели на компанијата и да најдат начин како различните типови на податоци може да се искористат за остварување на тие цели. Кариерата на еден Data Scientist зазема високо трето место на листата на 50 најдобри работни места, кои не се однесуваат само на ИТ секторот, што и не е така изненадувачки затоа што оние кои се занимаваат со оваа профитабилна професија велат дека се исклучително задоволни од својата работа, а за тоа придонесува и почетната годишна плата од околу 90.000 евра.
Frontend инженер
Ова е многу барана и динамична професија во која сте одговорни за изгледот и функционалноста на веб страните и веб апликациите. Со еден збор, вашата задача ќе биде да ги воодушевите корисниците. Она што ќе ве воодушеви вас, покрај креативноста и забавната страна на самата работа, е и почетната плата која изнесува околу 60.000 евра годишно.
Java developer
Програмскиот јазик Java е најшироко користен јазик во програмирањето - од наједноставните дигитални уреди до сложените веб решенија и страници на големите корпорации. Токму затоа, Java програмерите многу лесно може да најдат работа, и тоа со примамлива просечна плата од околу 60.000 евра годишно.
Data инженер
Овие уникатни експерти кој по малку личат на детективи имаат задача да ги проучуваат и анализираат податоците и врз основа на тоа да извлечат заклучоци што можат да го подобрат работењето на компанијата. Можеби не звучи како наједноставната работа на светот, но всушност истата е многу интересна и одговорна, така што оние кои се занимаваат со ова во првата година од својата кариера може да се пофалат со просечна годишна плата од 80.000 евра.
Software инженер
Станува збор за едно од 10-те најбарани професии во светот, што не треба да не изненадува со оглед на тоа што живееме во ера на софтвер. Затоа, на компаниите им се потребни луѓе кои знаат да одржуваат, да создаваат различни софтверски решенија и да управуваат со нив. Според тоа, почетната годишна плата што може да ја добиете како инженер за софтвер во светот се движи околу 80.000 евра.
Инженер за апликации
Денес, кога скоро никој од нас не го испушта својот смартфон од рака, а компјутерите се на секој чекор, потребни се луѓе кои знаат да создадат и развиваат функционални и корисни апликации. Ова е местото каде на сцена стапуваат експертите за развој на апликации со почетна годишна плата од околу 55.000 евра.
Бизнис аналитичар
Голем дел од денешниот бизнис се одвива во дигитална сфера, така што луѓето кои се способни да започнат и да развиваат успешен онлајн бизнис се високо ценети лидери во тој свет. За да бидат успешни, компаниите се борат за овие експерти, а еден од начините за да ги придобијат истите е преку атрактивна почетна плата, која во првата година може да изнесува околу 55.000 евра.
System инженер
Професионалците одговорни за функционирање на комплексни ИТ системи мора да обезбедат широка поддршка за сите елементи од кои е составен еден таков систем: од десктоп, преку сервер, па се до мрежата. Всушност, без нив, незамисливо е постоењето на каков било систем во компанијата, што ги прави овие експерти високо ценети на пазарот, а нивната почетна плата е 65.000 евра годишно.
Software developer
Лицата кои се задолжени за создавање и лансирање на нов софтвер денес се меѓу најбараните на пазарот на трудот затоа што компаниите честопати се натпреваруваат да им понудат најдобар софтвер на своите клиенти. Затоа, почетната плата за оваа атрактивна професија е околу 60.000 евра годишно.
Cloud инженер
Еден од најсигурните начини за складирање на податоците е Cloud, па затоа многу компании ангажираат експерти кои ќе им обезбедат одржливи и безбедни решенија за чување на податоци и транзиција на на разни функции во Cloud. Бидејќи ова е иновативно решение од кое може да зависи иднината на бизнисот, побарувачката за овие лица е голема, а тие заработуваат висока почетна плата од скоро 80.000 евра годишно.
Во ИТ светот знаењето е многу поважно од дипломата
За многу родители и студенти, главната цел е да се заврши добар факултет, меѓутоа, вистинската цел треба да биде подготвеноста за кариера, истакнува Ричард Ванг, извршен директор на Coding Dojo. Според него, се повеќе работодавци сфаќаат дека знаењето е повредно од дипломата.
Затоа најдобрите светски компании, како Google, Apple, IBM и многу други, не инсистираат толку многу на универзитетската диплома, како што му даваат значење на употребливото знаење на кандидатите.
Кога ангажирам програмер, гледам што знае и што работел до сега, а не што завршил, е вообичаена изјава кај работодавците од ИТ светот.
Па затоа можноста за вработување во ИТ индустријата и патот до добро платена кариера без диплома не само што е добра вест за средношколците кои би сакале да се вработат веднаш, туку и за луѓе кои сакаат да ја променат својата кариера, но немаат универзитетска диплома од областа на ИТ.