Бизнис дрес код драстично се промени од почетокот на пандемијата. Зголемениот број на луѓе кои работат од дома направи да се “заборават“ костумите, вратоврските, чевлите и ремените и низ дома да се работи во лежерна гардероба.
Само 10% од луѓето се облекуваат според формалниот дрес код иако се дома, поради видео состаноци, па потоа се пресоблекуваат во омилената облека за по дома, пишува New York Times.
Поради видео конференциите што колегите ги одржуваат во домашни услови, како тренд ги наметна таканаречените zoom кошули. Станува збор за омилената кошула на работникот, кој ја чува закачена на својата столица, ја облекува пред да почне состанокот, а по завршување на видео разговорот, ја соблекува.
LinkedIn спроведе анкета којашто покажа дека 42% од лицата имале таква кошула.
“Ви овозможува да изгледате професионално на камера без да имате потреба цел ден да седите во костум. Формалното облекување помага да изгледате и да се чувствувате пријатно, а на тој начин покажувате и почитување кон колегите“, вели Руперт Бесон, дел од истражувањето, кој вели дека вработените се многу попопродуктивни кога ќе им биде дозволено да се облекуваат полежерно.