Од нивното измислување, автомобилите се движечка сила на светската економија. Тие се користат секојдневно во различни прилики, како на пример одење на работа, на одмор, за превоз на стока. Автомобилот стана составен дел од секојдневниот живот на луѓето, толку многу што лани се произведоа 92 милиони единици ширум светот.
Меѓу компаниите, некои се претставуваат подобро од другите. Како групацијата „Фолксваген“, која е на врвот на листата на производители со најголеми приходи во 2019-та година. Со своите 290,2 милијарди долари, германската група, сопственик на брендови како „Порше“, „Ауди“ и „Ламборгини“, ги надминува сите свои конкуренти.
„Visual Capitalist“ спроведе истражување во кое ги собра приходите на 19-те најголеми производители на автомобили. Да ни даде подобра идеја за огромните пари што кружат во индустријата, оттаму го пресметаа бруто приходот на компаниите заработени во 1 секунда.
На рангирањето, групата „Фолксваген“ е на првото место со 9.200,88 долари во секунда, пред „Тојота“ со 8.634,58 и „Форд“ со 4.946,76 долари. Првите пет се надополнети со „Хонда“ и „ГМ“ со по 4.537,67 и 4.351,76 долари во секунда. Интересно е што приходот на групата „Фолксваген“ е скоро 12 пати поголем од последниот на ранг-листата – „Тесла“, која собира нешто повеќе од 780 долари во секунда.