Европа може да живее со Ковид-19 и без вакцина ако успешно ги контролира жариштата со примена на локализирани вонредни мерки, рече регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге.
На денот кога ќе ја прославиме победата над пандемијата, тоа нема да биде неопходно бидејќи ја имаме вакцината.
„Toа ќе се случи кога ќе научиме да живееме со пандемијата, а тоа може да биде веќе утре“, рече Клуге во интервју за „Скај њуз“.
На прашањето дали очекува повторно воведување на построги вонредни мерки поради вториот бран на пандемијата, тој одговори негативно.
„Не, јас сум оптимист, но сè уште не ја исклучувам можноста за воведување локални вонредни мерки во областите каде што има жаришта“.
Шефот на шведската агенција за јавно здравје, Јохан Карлсон, исто така верува дека пандемијата на Ковид-19 не само што ќе може да се запре со вакцина, туку и голем број превентивни мерки ќе мора да останат на сила во догледно време.
Новата вакцина против Ковид-19 веројатно ќе биде важно средство, но не и средство што претставува крајно решение за проблемот, рече Карлсон, чија земја се одлучи за контроверзен модел според кој голем дел од општеството беше поштеден од рестриктивни антиепидемиски мерки.
Шведската министерка за социјални работи Лена Халенгрен изјави дека новата вакцина против Ковид-19 најпрво треба да им се дава на луѓето постари од 70 години, членови на ризични групи и медицински персонал и негуватели.