Постојат огромен број видови на кафе – домашно кафе кое го правите дома, еспресо, филтер кафе, кафе без кофеин, кафе од апарат, нес кафе..
Важно е да го пронајдете она кое најмногу ќе ви одговара.
Ароматично комплексно кафе, блага киселост, остар вкус, со тенок слој крем од лешник кој му дава густина.. во исто време мазен и траен вкус кој останува во уста – зборуваме за добро еспресо.
Многу експерти посочуваат дека ако припаѓате на оние луѓе кои пијат повеќе од 4 кафиња на ден – претерувате. Оптимално е 2-3 шолји.
Ако чувствувате анксиозност, имате проблем со несоница и сте раздразливи – многу е можно да сте преосетливи на кафе.
Препорачаната доза на кофеин е 200-300 мг, што е шолја или две на ден. Ако не пиете кафе – советот на експертите е и да не почнувате, а ако сакате, бидете умерени, тоа е клучно во сè, па и во пиењето кафе.