Во последно време на интернет има многу огласи во кои Словаците бараат берачи на јагоди од Србија, Црна Гора, БиХ, а нудат плата од 1300 евра, или три пати повеќе од тоа што во регионот за истата работа може да се заработи.
Оваа сума е за добар работник кој дневно може да набере 100 килограми јагоди.
Се работи по 10 до 12 часа, а во недела се работи до 11 часот.
Во Србија за берба на јагоди се даваат 2000 динари, со два оброка.
За Србите оваа понуда за работа на плантажи во Словачка е примамлива.
Прочитајте:
За собирање малини во Финска плаќаат 200 евра на ден