Пред да стане милијардер, Марк Кубан се “мачел“ 20 години. Така било сè до моментот кога го продаде својот старт – ап MicroSolutions во 1990 година, за шест милиони долари. Конечно застанал на нозе и денес е еден од најуспешните луѓе во светот.
Бидејќи тој не е роден богат, ниту наследил нешто, советите на Кубан за пари и успех носат уште поголема тежина.
Не “трупајте“ долгови на кредитна картичка
“Во ред е да користите заем за да купите куќа, но вие не сакате да имате кредитна картичка што не ја плаќате секој месец“, вели Кубан.
Неговата позиција е дека “најлошата инвестиција во светот е каматата на кредитна картичка“ и додава: “Не можам да ви кажам колку картички скинав“.
Не купувајте работи што не можете да си ги дозволите
“Живејте како студент. Ова значи избегнување на прекумерно трошење и трошење на работи без кои можете да живеете. Колку повеќе пари можете да ставите во банка, ќе биде подобро ако нешто тргне наопаку“, вели Кубан. Идејата да живее како студент ја научил од книгата Cashing in on the American Dream: How to Retire at 35. Тој вели дека книгата го мотивирала да штеди и да биде дисциплиниран.
Научете да преговарате
“Луѓето не ја разбираат моќта на преговорите“, вели овој милијардер.