Веројатно големината на некои богати луѓе е и во дарежливоста, помагањето и безрезервната поддршка. Да, парите се олеснително сретство за живот, викаат кај што не буши бургија, бушат пари, ама кога некој знае како со нив, посебно за да израдува некого... е тоа е веќе нешто. Во овој случај, не се работи за радост на еден, туку на 126!
ЦЕЛАТА СТАТИЈА НА ЛИНКОТ: Охридски газда ги однел сите 140 вработени на платен одмор во Турција!
Ретко се случува да се појави газда на фирма, кој за вработените ќе се грижи како за семејство, бидејќи секојдневно во медиумите се информираме за работници кои се навикнати да им доцни плата, да им се зема „К-15“, па и помошта од државата за време на пандемијата одредени фирми си ја присвоија.
Газда кој отскокнува од овој список е бизнисменот Новко Плаќаноски, стружанец со бизнис во Охрид. Таму му е фирмата, кафулето и ресторанот. Летната сезона е на самиот крај, но двата негови угостителски објекти се затворени – вработените се на одмор. Тој досега неколкупати неговите вработени ги частел одмор, но најинтересно е сега, во услови на пандемија кога на газдите им е полесно да отпуштаат, сопственикот на „ПН Метал“, ресторанот „Валентино“ и кафулето „ИТ“, вработените со чартер лет ги испрати на одмор во Анталија, Турција.
Да да! Токму тој на своите 126 вработени им уплати ултра ол-инклузив аранжман во Турција!!!
Претходно, вработените во неговите фирми летувале и во туристичките центри низ поранешните југословенски простори, како и Бугарија.
Целиот текст прочитајте го на maskimagazin.faktor.mk