Индексот за пасоши објави податоци за новите најмоќни пасоши, со кои можете слободно да патувате без виза или со кои може да се добие виза веднаш по пристигнувањето во друга земја, на која Северна Македонија се најде на 16 место, пред Албанија, Црна Гора, но и пред САД чиј пасош поради Ковид-19 падна на 21.место.
Со тоа, граѓаните на Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина имаат помоќен пасош од граѓаните на САД.
Со македонскиот пасош без виза може да се влезе во 62 земји.
Пред нас е рангирана Хрватска, на осмото место и Србија на 14-та позиција на Индексот на најмоќни пасоши.
Нов Зеланд оваа година ја освои престижната титула. Носителите на пасош на Нов Зеланд можат да влезат во повеќето земји без виза, од кои 129 од нив. Минатогодишниот победник, Јапонија, падна на второто место што го делат други седум земји – Германија, Австрија, Швајцарија, Луксембург, Ирска, Јужна Кореја и Австралија.
Тие со пасоши можат да влезат во 128 земји низ светот, додека на трето место се Франција, Шпанија, Италија, Шведска, Финска и Белгија (127).
Хрватска е на високото осмо место, кое го дели со Кипар и Монако. Хрватите можат да влезат во 121 земја без виза.
Коронавирусот значително влијаеше на отвореноста на земјите кон патниците од други земји.