Додека умерената доза на его е здрава, често може да се сретнеме со луѓе чие его е неподносливо и навистина иритирачко.
Постои голема разлика помеѓу самодовербата и егото. Самодовербата е здрава и потребна, а големото его е одбивно. Личноста со големо его не прифаќа дека згрешила, секогаш е во право, сака да победува и не сочувствуваат. Комуникацијата со личност која има големо его може да биде тешка, но постојат неколку начини преку кои можете да постигнете ефективна комуникација.
Каде е проблемот?
Пред да почнете да ги обвинувате луѓето околу себе дека се егоисти и дека е невозможно да се работи со нив, запрашајте се каде е точно проблемот?
Можно е проблемот да биде во вас и вашето его. Како тоа да го откриете? Имате ли секогаш потреба да бидете во право? Ги преиспитувате ли туѓите мислења и одлуки? Може ли без експлозија да прифатите туѓа критика?
Поставете граници
Во соработката со егоистична личност треба да знаете кога да одите напред , а кога да се повлечете. Ако сакате да го извлечете најдоброто од луѓето со кои работите, понекогаш треба да го “храните“ нивното его. Пофалба и убав збор може да бидат клучни за успешна соработка. Внимавајте да не претерате со “размазување“. Ако нечие его ја премине границата и почне негативно да влијае на работната средина, обидете се да разговарате и објаснете го тоа. Ако тоа не ви успее, разговарајте со претпоставениот или членовите на тимот и започнете заедничка акција.
Внимавајте со нападот
Разговарајте за прашања и предлози без лични напади. Личните напади само ќе поттикнат напната атмосфера кај личноста со големо его и нема да се согласи со она што ќе го кажете. Дури и ако ги натерате да погледнат во синото небо и им речете дека тоа е сино, ако ги навредите тие ќе најдат виножито на небото и нема да се согласат со вас. Затоа, држете се до вашата поента и внимателно со навредите.
Игнорирајте
Егоистите може да бидат како големо дете. Ако е можно пробајте со игнорирање.
Бидете сигурни
Кога разговарате со ваква личност не смеете да покажете слабост. Ако на личност со големо его ѝ ја покажете својата несигурност, ќе мисли дека е поважна и повредна од вас.
Држете се до факти
Држете се до цврсти факти и обидете се да заборавите на емоциите (фрустрација, лутина) барем додека сте во близина на “големото его“.
Не се обидувајте да ја разберете личноста со големо его
Ако се обидувате да ја разберете личноста со големо его само ќе ја зголемите вашата фрустрација. Оваа личност честопати не е рационална и не може да го гледа светот од ваша перспектива. Прифатете го фактот дека оваа личност на светот и луѓето околу себе ги гледаат поинаку од вас.