Луѓето во современата работна средина се стремат да пронајдат среќа како дома, така и на своето работно место. Голем дел од нив се подготвени дури и да се "впуштат" во потрага по нова работа за да ја пронајдат таа среќа, доколку истата не ја добиваат на моменталното работно место.
Прашањето е едноставно: Зошто е важно вашите вработени да се СРЕЌНИ?
Но, дали го знаете одговорот?
Односот помеѓу среќата на вработените, ангажманот на вработените и перформансите на вработените е јасно утврден преку бројни истражувачки студии.
Среќни вработени = продуктивен тим
- Среќните вработени се поангажирани, а со тоа тие покажуваат и зголемена продуктивност, како и далеку пониска стапка на отсуство од работа
- Здравата работна средина е важна. Позитивната работна култура ги охрабрува пријателствата на вработените и ја подобрува личната благосостојба. Задоволниот работник има зголемена креативност, а со тоа и способност за решавање на проблеми
- Чувството на заедница е една од најважните работи. Чувството дека нивните менџаери навистина се грижат за нив им помага на вработените кога се соочуваат со тешкотии и предизвици, како на работа, така и во нивниот приватен живот
- Научно докажано е дека среќните вработени се помалку под стрес. Големиот стрес доведува до бројни емоционални проблеми што може да резултираат со помала продуктивност
Големиот број истражувања потврдиле:
Вработените денес бараат многу повеќе од плата!
Имаше време кога идејата за позитивно работно опкуржување значеше разубавување на ентериерот на работните простории или различни групни активности. Но, времињата се променија и фокусот сега е на благосостојбата.
Ваквото забавно опкружување обезбедува само краткорочни задоволства и истото не води до трајно среќен вработен.
Чувајте ги вработените, ценете го својот тим, грижете се за нивната благосостојба.
Запомнете: Вашата компанија расте и вашиот бизнис се проширува токму поради вашите вработени!
Дополнително прочитајте и: Среќен работник = лојален работник: Зошто е важно да вложувате во своите вработени?