Управувањето со вработените е еден од најтешките предизвици за работодавачите. Со идентификување на вработените кои ја намалуваат продуктивноста и го забавуваат растот на бизнисот ќе може да се ослободите од непродуктивните работници и да доведете професионалци кои ќе помогнат да ги исполните вашите долгорочни цели. Добриот тим е сила, мозок и срце на секој бизнис, но во вашиот тим може да се случи да имате таков член кој повеќе предизвикува стрес. Можеби и не сте забележале, но ваквите вработени може сериозно да му наштетат на вашиот бизнис, пишува Inc.
Постојат три типа на вработени кои ја нарушуваат работната атмосфера и од кои треба да се ослободите што поскоро.
Крал /кралица на драмата
Бидете среќни ако во вашата работна средина нема крал / кралица на драмата. За жал, ваквиот тип на вработени негативно влијаат на работната средина бидејќи постојано озборуваат и ги извртуваат работите.
Жртва
Една од најтешките работи во управување со вработените е да знаете како да се справите со оние кои ја преземаат улогата на жртва. Таквите луѓе ги избегнуваат последиците од своите постапки, а најчесто ги обвинуваат другите за лоши резултати. Тие секогаш имаат изговор, а нивните постојани поплаки ги забележуваат колегите, кои не ги прифаќаат.
Меѓу таквите вработени често се оние кои се однесуваат како да имаат некоја болест и секогаш се поставува прашањето дали глумат. Жртвата хронично отсуствува од работа, а колегите се фрустрирани затоа што треба да ги покријат.
„Контраш“
Бунтовник без причина е оној кој обично ги прекршува правилата, од наједноставни до најсложени. Ако постои кодекс на облекување на работа со којшто се забранува маици со слогани, “контрашот“ ќе облече ваква маица. Ако постои процедура за извршување на некоја работа, тие ќе дејствуваат спротивно. Тие не слушаат и мислат дека знаат сè. Некои го прават тоа затоа што сакаат да бидат различни и да работат по свое. Честопати нивните отстапувања може да му наштетат на бизнисот.