Vrabotuvanje.com за првпат ја додели наградата за најдобра Employer Branding кампања за 2020 која годинава и припадна на А1 Македонија!
А1 Македонија е овогодинешниот добитник на признанието за најдобра Employer Branding кампања за 2020 кое го доделува порталот Vrabotuvanje.com како централно место за пребарување на работни места во Македонија.
Изборот не беше лесен, а за тоа говори и фактот што моравме да избереме една компанија во конкуренција на преку 30.000 компании, клиенти на www.vrabotuvanje.com.mk.
Наградата му беше врачена на Стефан Јовановски – Раководител на човечки ресурси во А1 Македонија од страна на Дарко Велков – извршен директор на Vrabotuvanje.com.
Како компанија која постојано вложува во напредок на своите вработени и која нуди програми кои ќе го подобрат балансот помеѓу приватното време и времето поминато на работа, драго ни е што денеска можеме да се пофалиме со едно вакво признание. Во период од една година, напорно работевме и имплементиравме големи и значајни проекти за нашите колеги, со кои ја градиме нашата култура која поттикнува транспарентно работење, повратна информација, тимска работа, доверба и агилност. Остануваме во чекор со светските трендови и продолжуваме да работиме во насока на иднината и дигиталната ера, вели Стефан Јовановски од А1 Македонија.
А1 Македонија низ бројки
Кога зборуваме за А1 Македонија, успехот никогаш не е случаен. Позади него стои секој објавен оглас, секоја иницијатива насочена кон вработените, начинот на комуникација со кандидатите и сите други фактори кои ја позиционираат компанијата како една од најпосакуваните работодавачи во земјава.
А1 Македонија учествуваше на двата виртуелни саеми кои ги организираше Vrabotuvanje.com, забележувајќи најголем број посетители на својот штанд во 2019 година.
Дополнително, А1 Македонија годинава забележа пораст на бројот на прегледи на своите огласи за 39%, а просечниот број на апликации се зголеми за 50%.
Employer Branding содржините на А1 Македонија во првата половина од 2020 година досегнаа до повеќе од половина милион читатели – потенцијални кандидати за вработување. Дел од тие статии може да погледнете овде.
Признанието „Најдобра Employer Branding кампања“ го доделува Vrabotuvanje.com со цел да го го препознае и награди трудот на компаниите кои не само што вложиле најмногу, туку и постигнале најдобри резултати во полето на брендирањето на компанијата како посакуван работодавач.