Врши проверка на сопственичка и техничка документација за недвижен имот, предмет на проценка. Врши теренски увид на лице место на недвижниот имот, регистрира податоци за имотот кој е предмет на проценка и обезбедува фото документација од истиот, Го следи и анализира локалниот пазар на недвижен имот и подготвува извештаи за проценка на недвижен имот
Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:
- Дипломиран градежен инженер,
- Со или без работио искуство во областа
- Активно лознавање на англиски јазик
- Познавање на работа со компјутери
- Возачка дозвола од Б категорија
Лични карактеристики на кандидатот:
- Динамична личност со способност за преземање на иницијативи
- Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
- Одлични организациски и комуникациски вештини
Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
- Висок личен интегритет, деловен и професионален однос
Банката обезбедува основна плата во месечен нето износ од 25.000,00 МКД
Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно. Почетокот и крајот на работното време се утврдува со одлука на банката
Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и профасионален напредок на своите вработени,
ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ
ПЛАТА 25.000 денари: Оглас за вработување во Стопанска банка АД - Скопје
Вести
-
Ова е песната која најмногу релаксира: Не слушајте ја додека возите
Во студијата која ја спроведоа британските научници, клинички ја одредија песната која најмногу релаксира.
-
Хаос на скопскиот аеродром, авиони се враќаат, маглата ги блокира летовите
Попладнево, поради густа магла, повторно се соочуваме со пореметувања на авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје. Неколку летови се откажани, а дел од авионите беа пренасочени кон соседни аеродроми.
-
Третина од населението во ЕУ посетувало онлајн курсеви лани
Во 2024 година, 33 проценти од корисниците на интернет во Европската унија изјавиле дека посетувале онлајн курс или користеле онлајн материјали за учење во период од три месеци. Ова е зголемување од три процентни поени (п.п.) во споредба со 2023 година (30 проценти).
-
Во Бангкок воведен бесплатен јавен превоз со цел да се намали загадувањето на воздухот
Во главниот град на Тајланд, Бангкок од денеска во следните седум дена јавниот превоз ќе биде бесплатен. Одлуката е донесена во обид да се намали високото ниво на загаденост на воздухот
-
НЕ СЕ ГЛЕДА ПРСТ ПРЕД ОКО: Скопје на високото 12-то место меѓу најзагадените градови во светот
Денес, Скопје се најде на 12-та позиција на листата на најзагадени градови во светот, со воздух кој е речиси во „црвената зона“ – што укажува на критични услови за дишење. Според податоците, нивото на PM10 честичките изнесува 140, што го прави воздухот небезбеден за здравјето. Може да погледнете и видео од тоа како „не се гледа ниту прст пред око“.
-
Јапонските ученици ќе се префрлат на исклучиво дигитални учебници
Работна група на јапонското Министерство за образование предложи од 2030 година на училиштата да им биде дозволено да користат исклучиво дигитални учебници, пренесува Japan Today.