Франческо Санино, професор на Универзитетот во Неапол, предвидува дека пандемијата на коронавирусот ќе заврши некаде помеѓу април и мај следната година.
Санино е раководител на група научници и истражувачи кои претходно употребувајќи математички метод предвидоа дека ќе се случи нов бран на ширење на Ковид-19 помеѓу октомври и ноември.
Нашите проценки се покажаа многу веродостојни, очекувавме владата да ги земе предвид резултатите до кои дојдовме и да преземе соодветни активности на време, но за жалтоа не се случи, изјави професорот Санино за италијанскиот дневен весник „Ил Фато Котидиано“.
Според новите проценки објавени во академското списание Scientific Reports, во Италија бројката на заразени од Ковид-19 би можела да достигне 8 милиони.
Санино тврди дека сега сме само на почетокот на вториот бран на пандемијата на Ковид-19 и дека ефективноста на мерките што се преземаат сега ќе се покаже за само неколку недели.