Кога последен пат сте ги наградиле вашите вработени со покачување?
Постојат вработени кои, поради нивните очигледни квалитети, заслужуваат внимание. Иако како претприемач треба да бидете претпазливи кога управувате со своите пари, некои вработени заслужуваат итно зголемување на платата зарани нивниот придонес кој го даваат за компанијата.
Еве неколку типови на такви вработени:
Тие што носат најголем приход
Без оглед на работата за која станува збор, едно е јасно: лицето кое ви носи најголем приход заслужува покачување според сите критериуми.
Тие што имаат непроценливи вештини
Некои вештини не можат да се научат, а тоа се, пред се, карактерот и односот со клиентите. На пример, ако ангажирате келнер кој сите го сакаат и поради кој сите доаѓаат во кафулето, треба истиот да го наградите со покачување.
Тие што даваат 100% од себе
Ако имате работник кој поставува високи очекувања и успешно ги надминува истите, треба да знаете како да го цените тоа. Малку се оние кои целосно се посветуваат на работата и затоа немојте да дозволите да ви се лизнат од раце.
Тие што биле со вас од самиот почеток
Постојат вработени кои биле со вас од самиот почеток, но поради различните циркулации на луѓе во компанијата, тие може да почнат да се чувствуваат во подредена положба. Не дозволувајте да паднат во летаргија - покажете колку ги цените со покачување.
Тие што еден ден би можеле да ве заменат
Во се, а особено во бизнисот, важно е да се размислува за иднината. Ако во компанијата препознаете личност која еден ден би можела да го преземе водењето ан бизнисот, направете се што можете за да ја задржите, а финансиските средства се честопати добра гаранција.