По завршувањето на пандемијата на коронавируси, ќе има дури 50 проценти помалку службени патувања отколку порано, додека процентот на оние кои работат од дома ќе се зголеми, изјави за Бизнис Инсајдер еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс.
Мојата прогноза е дека ќе има околу 50 проценти помалку службени патувања и околу 30 проценти помалку канцелариска работа, рече основачот на „Мајкрософт“, додавајќи дека компаниите ќе го подигнат прагот за службено патување по здравствената криза.
На почетокот на минатиот месец, Мајкрософт објави дека ќе откаже половина од своите деловни летови по пандемијата и дека неговите вработени многу поретко ќе доаѓаат да работат во седиштето на компанијата. Воведување на сличен хибриден модел веќе објавија и други технолошки фирми како Твитер и Фејсбук.