За љубителите на филмови, посебно оние празничните, ова би било работа од соништата. Компанијата која стои зад веб страната „Reviews.org“, објави конкурс во кој е назначено дека за 25 изгледани божиќни филмови (еден дневно), следи награда од околу 2.500 долари.
Сите заинтересирани треба да напишат зошто сметаат дека тие се најдобрата личност за оваа работа. Апликациите се прават на нивната веб страна тука, а конкурост е отворен до 4 декември.
Победникот ќе биде прогласен на 7 декември на нивниот јутјуб канал.
Покрај паричната награда, победникот ќе добие картички за едногодишна претплата на платформите „Нетфликс“, „Хулу“, „Дизни +“', „Амазон Прајм“ „Ејџ-би-о Макс“ и други.
На нивната страна е објавена и листа со Божиќни филмови, од кои победникот треба да избере 25. Исто така, тие што ќе се пријават треба да пополнат анкета за тоа кој филм заслужува да биде прогласен за „божиќно ремек дело“, што всушност е и целта на оваа акција.
Во продолжение погледнете ја листата со филмови, која можете да ја искористите секако за празничниот период и да уживате.
Божиќни филмови
Home Alone
Frosty the Snowman
The Santa Clause
Elf
Klaus
A Christmas Story
Rudolph the Red-Nosed Reindeer
Rise of the Guardians
The Polar Express
A Christmas Carol
The Holiday
Christmas with the Kranks
National Lampoon's Christmas Vacation
Arthur Christmas
How the Grinch Stole Christmas (1967)
The Grinch (2018)
Miracle on 34th Street
It's a Wonderful Life
Jingle All the Way
A Charlie Brown Christmas
Deck the Halls
Love Actually
Last Holiday
Four Christmases
The Muppet Christmas Carol
+ 10 новогодишни:
New Year's Eve
When Harry Met Sally
Rent
While You Were Sleeping
The Holiday
Bridget Jones's Diary
Sleepless in Seattle
Holiday Inn
An Affair to Remember
About Time